Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки ја организираше 1. Меѓународна научна конференција на тема „Македонија – Крстопат на епохи, цивилизации и култури, историја – археологија – уметност“.

Доц. д-р Трајче Нацев истакна дека Институтот за историја и археологија го одбележува јубилејот, десет години од постоењето.

– Десет години ние работиме, создаваме наука, организираме трибини, реализираме проекти. Реализирани се проекти, од кои за одбележување се: Погребување под могили во општина Конче, Палеолитски истражувања во Источна Македонија, Пајонски утврдувања и некрополи во долината на река Брегалница, Североисточната граница помеѓу Пајонија и Тракија, проект кој се реализира во Р. Бугарија, претежно во градовите кои се на река Струма. За издвојување се три трибини поврзани со идентитетот – трибината за антиката, средниот век и за османлискиот период. Организирани се и изложби, трибини, а во сите активности беа вклучени и студенти од студиската програма Историја со археологија – истакна доц. д-р Нацев.

На Конференцијата се пријавени 36 труда со 45 учесници од С. Македонија, Русија и Бугарија. Презентациите се поделени во две групи – едната се сесиите за антиката и средниот век и другата со сесиите за модерниот период.

 

На новинарското прашање дали историјата и археологијата можат да дадат многу одговори за нашето постоење, Нацев одговори:

– Кога зборуваме за нашиот културен идентитет, можам да кажам дека сите артефакти, сите истражувања кои се прават на територијата на Македонија, влегуваат во потврдување на културниот идентитет на Македонците. Затоа сметам дека ние не треба да се врзуваме стриктно за периодот на Античка Македонија, бидејќи нашите културни корени, на Македонија, и на автохтоното население кое живее на овие простори, не потекнуваат од античкиот период. Античкиот период е од 6 век, а ние имаме голем број на археолошки локалитети кои потекнуваат од многу порани периоди – на пример од железното време. Значи ние среќаваме симболи кои можеме да ги видиме и во текот на целата таа хронолошка рамка која продолжува низ железното време, низ класичниот период, па сѐ до крајот на тој антички период.

 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.