Факултетот за образовни науки го одбележа Светскиот ден на учителите со стручна трибина на тема „Комуникација, партнерство и соработка меѓу образовните, културните и други институции“. На трибината покрај претставниците на Факултетот за образовни науки учествуваа и наставници и професори од основните и средните училишта.

Нашата цел е да се интензивира соработката помеѓу науката и практиката. Имајќи го предвид фактот дека во нашиот град опстојуваат воспитно-образовни установи од различен ранг, почнувајќи од градинките, основните и средните училишта, и факултетот кој подготвува идни учители, и сакаме да го искористиме тој момент на заедничко опстојување и да ја збогатиме содржината на соработката помеѓу институциите. Сакаме да слушнеме која е добрата практика од институциите, а тоа ќе влијае на унапредување и развој на теоријата“, изјави проф. д-р  Снежана Мирасчиева. „Сѐ почести се случаите на загрозување на безбедноста на наставниците и професорите, последниот доаѓа во очи на Денот на учителот, од Виница. Таму родител нападна учител поради тоа што му го одзел мобилниот телефон на неговото дете. Тоа покажува дека се загрозени и безбедноста и авторитетот на учителите. Авторитетот на учителот како да се изгуби некаде, како да го нема, но токму ние на денешната трибина треба да бараме начини како да го вратиме. Учителот треба да го има приматот. Ако не се почитуваат редот, хиерархијата и не се одржува дисциплината, нема успех. Затоа се случува тоа што се случува денес, помеѓу младите – насилство меѓу врсниците, сиромашен речник, изгубен систем на вредности. А во системот на вредности влегува и почитта помеѓу учителот, родителот, наставникот. Како родителот зборува и што зборува за учителот во кругот на семејството се рефлектира во однесувањето на детето од најрана возраст во училиштето. Тоа го потврдуваат и практичарите кои велат дека не мора да знаат што зборуваат дома во кругот на семејството, но според тоа како се однесува детето на часот, учителот веќе има јасна слика што зборуваат за него во кругот на семејството на детето“, потенцираше Мирасчиева.

                                                                         

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.