На Факултетот за образовни науки беше промовирана книгата „Многуимените други - Македонија, пресечна точка на другоста на средновековниот Балкан (идентитетски јазли)“ од проф. д-р Стојко Стојко, кој рече дека ова е една од неговите најважни книги.

- Темата е многу актуелна сега, меѓутоа тоа не беше причината да се напише книгата. Всушност, јас почнав да ја пишувам уште во минатиот милениум, во 1999 година. Идејата која стои зад насловот на книгата е дека во средниот век сите писмени елити во соседството ги гледале луѓето во Македонија како други, како различни. Тоа покажува дека тука имаме една специфична категорија која може да се истражува преку таквото негативно гледање. Исто така, во таа книга се засегнати не сите, бидејќи тоа е една многу голема тема, но клучни прашања како Словените и словенството на Балканот, влијанието на една моќна империја како Византија, Бугарското Царство... Сите овие аспекти се истражени на најмодерен начин, според последните достигнувања од науката, и сметам дека е важен придонес во нашата наука, нешто кое одамна недостасуваше, и кое е еден чекор напред, и после кое ќе следат уште чекори.

За мене е животна определба уште од мал. Живеев во средина каде што дали постојат Македонци или не беше спорно прашање, и официјално беше негирано во Пиринска Македонија во Бугарија, меѓутоа јас можев да видам дека всушност многу од луѓето се сметаат за Македонци и тоа роди една љубопитност која трае еве веќе 40 години, не со желба нешто да докажувам, туку да ја откријам вистината, бидејќи вистината ослободува. Тука е потребна голема храброст за сите нас кои ја бараме вистината, бидејќи човек никогаш не знае што ќе најде. Тоа што најдов мислам дека е важно и затоа го споделувам со нашата јавност – изјави проф. д-р Стојко Стојков.

 На прашањето дали овие историски истражувања и факти може да бидат адут на Македонија во борбата да с отстранат сопките и пречките од Бугарија, Стојков вели:

- Вистината е единствено оружје, особено кога сте послаб. Една од големите грешки на македонската држава беше што не инвестираше во историографијата воопшто, подведена од пропагандата дека историчарите ги создаваат проблемите и дека ако бидат замолчени нема да има проблеми. Тоа не е вистина, за жал од бугарска страна имаме веќе 50 години активна пропагандна војна против Македонија, на која никогаш не беше вистински одговорено од македонска страна, македонските историчари беа зауздувани. Видете ја разликата со македонскиот јазик. Нашите колеги од македонскиот јазик не беа зауздувани, работеа слободно, и во тоа се инвестираше. Тоа што го гледаме денес е дека без разлика на сите обиди од страна на Р Бугарија да негира македонски јазик, таа не успеа. Затоа што македонската страна си ја завршила работата, и овие негации не може да успеат. Но бидејќи македонската историографија беше зауздувана цело време, гледаме дека бугарската страна има одредени успеси, и тоа не е нешто теоретско, тоа поминува во нешто многу практично и реално како што е блокадата на евроинтеграциите на Република Македонија.

Промотори на книгата беа проф. д-р Страшко Стојановски и проф. д-р Трајче Стојанов.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu