На 15 и 16 мај 2026 година, на Педагошкиот факултет во Врање на Универзитетот во Ниш се одржа 2. Меѓународна научна конференција „EDAI - 2026 Building Human-AI Partnership for the Future if Learning“.
Организатор на конференцијата е Педагошкиот факултет во Врање на Универзитетот во Ниш, а коорганизатори се: Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Република Северна Македонија; Педагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, Република Северна Македонија; Педагошки факултет, Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ - Благоевград, Република Бугарија и Педагошки факултет во Бијелина, Универзитет во Источно Сараево, Босна и Херцеговина.
Од Факултетот за образовни науки учествуваа проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева, проф. д-р Ирена Китанова, проф. д-р Верица Јосимовска, проф. д-р Соња Петровска, проф. д-р Деспина Сивевска, проф. д-р Снежана Ставрева-Веселиновска и насл. доц. д-р Сања Гацов. Предавачите преку актуелни и инспиративни теми ја истакнаа важноста на одговорното користење на вештачката интелигенција во образованието и научниот развој.
Во рамките на конференцијата, деканот проф. д-р Трајче Стојанов оствари средба со деканката на Педагошки факултет во Врање, проф. д-р Драгана Станојевиќ, и договори идни активности и заеднички проекти.




