Во пријатна и позитивна атмосфера, вчера во просториите на Детската амбасада „Меѓаши“ во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Факултет за образовни науки при УГД - Штип и Прва детска амбасада „Меѓаши“ (First Children's Embassy Megjashi).
Меморандумот го потпишаа проф. д-р Трајче Стојанов, декан на Факултетот за образовни науки и м-р Драги Змијанац, претседател и соосновач на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Убедени сме дека потпишувањето на овој Меморандум ќе отвори можности за успешна соработка преку заеднички активности насочени кон поддршка и заштита на правата на децата, како и унапредување на образовниот процес.



