Средба на Факултетот за образовни науки со професори од Универзитетот „Беира интериор“ - Португалија
Делегација од Универзитетот „Беира интериор“ (UBI) - Португалија, која престојуваше во дводневна институционална посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, одржа работна средба на која беше дел и Факултетот за образовни науки со цел унапредување на меѓуфакултетската соработка и отворање нови можности за заеднички академски и истражувачки иницијативи.