На Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ денес се одржа настанот „Денови на инклузија“ под мотото „Со љубов и поддршка да создадеме свет без бариери“.

Настанот беше посветен на инклузивното образование и практичната поддршка за деца со специфични потреби, преку едукативни предавања и интерактивни работилници.

Настанот започна со регистрација на учесниците, по што следеше воведното излагање на проф. д-р Јадранка Рунчева на тема „Инклузијата во училишната реалност – приказ од македонскиот образовен контекст“, каде што беше истакнато значењето на прифаќањето и поддршката на учениците во сите образовни установи.

Во продолжение, учесниците имаа можност да се претстават, при што учествуваа проф. д-р Томислав Таневски, м-р Катерина Николовска и м-р Билјана Пешова.

Во рамките на настанот беа организирани три паралелни работилници:

  • „Музикотерапијата како современа алатка во работа со деца“ – предводена од проф. д-р Томислав Таневски, во која беше прикажан музикотерапевтски третман како пристап што го олеснува изразувањето кај децата и придонесува за нивниот психо-емоционален развој.
  • „Грижата за себе како предуслов за адекватна родителска грижа“ – работилница одржана од м-р Билјана Пешова, психолог и гешталт терапевт, со фокус на важноста од ментално здравје кај родителите.
  • „Поддршка на ученици со дислексија: Разбирање, симулација и стратегии“ – водена од м-р Катерина Николовска, која презентираше конкретни алатки и методи за едукатори при работа со ученици кои се соочуваат со специфични тешкотии во учењето.

Професорот Таневски зборуваше и за значењето на музикотерапијата, што тоа значи и колку е застапена во нашето образование.

Настанот беше одлично прифатен од страна на присутните просветни работници, студенти, родители и стручњаци, кои преку интеракција и практична работа добија конкретни насоки за поддршка на децата во образовниот систем.

Факултетот за образовни науки останува посветен на промовирањето на вредности како еднаквост, инклузија и емпатија во воспитно-образовниот процес.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu