„Лексикон на Македонскиот фронт 1915 – 1918“ и „25-тиот час на Македонскиот фронт 1915-1918“ се двете историски книги кои неодамна ги објавија професорот Оливер Цацков и професорката Анита Илиева-Николовска од Лексикографскиот центар на Македонската академија на науките и уметностите.
Read more ...Home
(Видео) Отворено Историско катче во рамките на одбележувањето на 120 години од смртта на Гоце Делчев
Како дел од одбележувањето на 120-годишнината од смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев, денес во Факултетот за образовни науки на УГД се отвори Историско катче.
Read more ...Име и презиме: Стојко Стојков
Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација:
Предавам на Факултетот за образовни науки како вонреден професор од областите на средновековна историја и византологија, специјализирам во етнички и идентитетски прашања.Образование:
Основно и средно образование завршив во мојот роден град Сандански, во Пиринска Македонија (Р Бугарија). Завршив Историја на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што магистрирав и докторирав.
Студенти на програмата по историја на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип учествуваа на семинар насловен „Градење на капацитетите на младите историчари за справување со блиското минато“, организиран од Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ), кој се одржа од 25 до 27 ноември во Охрид.
Read more ...