Во Факултетот за образовни науки на УГД, денес се одржа состанок на Националното тело на проектот Арисе – Акција за намалување на нееднаквоста во образованието. Проектот го зафаќа прашањето за сиромаштијата и нејзиното влијание врз учениците на две нивоа: од една страна образовните и социјалните политики можат да обезбедат долгорочни решенија за подобрување на рамноправноста во образованието, а од друга страна пилот-интервенциите на училишно ниво помагаат при задоволување на непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус.
Read more ...Home
На иницијатива на Факултетот за образовни науки, потпишан е договор за соработка помеѓу Институтот за педагошки истражувања во Белград и Универзитет ,,Гоце Делчев'' во Штип. Институтот за педагошки истражувања во Белград е основан во 1959 година и е прва самостојна научно-истражувачка институција во Србија која го проучува процесот на воспитание и образование.
Read more ...Излезе од печат книгата „Многуимените други: Македонија како пресечна точка на другоста на средновековниот Балкан (идентитетски студии)“ од проф. д-р Стојко Стојков, во издание на Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Таа е посветена на една од најконтроверзните теми на нашето време: идентитетот на луѓето во Македонија и Балканот во средниот век.
Read more ...Книгата „Размисли за образованието“ денес беше промовирана во просториите на Факултетот за образовни науки. Станува збор за серијал на книги, а ова е прва книга од тој серијал што треба да се издаде во една едиција под еден наслов „Размисли за образованието“.
Read more ...