Врз основа на чл. 110, а согласно член 141 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“,бр.  82/2018 и 178/21год.),Решение за акредитација бр.14-9417/3 од 27.07.2021год. (Министерство за образование и наука), Правилникот за начинот на следењето на наставата, полагањето на испитите за педагошко - психолошка и методска подготовка, како и начинот на акредитација на високо образовните установи објавен во („Службен весник на РМ“ бр.241-2020 и бр.11-2021 год.) и Правилникот за  условите, постапката на запишување и правилата  на  студирање на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко - психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки, Универзитетот„ Гоце Делчев“ –Штип, објавува:

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА НА

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

при УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП

во зимски  СЕМЕСТАР, УЧЕБНАТА, 2021/2022 ГОДИНА

Право на упис на оваа програма имаат сите кандидати кои завршиле дипломски студии со освоени (240ЕКТС) на други факултети (ненаставна насока), а се вработиле како наставници или сакаат да се вработат како наставници во основно и средно образование.

Програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко -психолошка и методска подготовка (настава и практичната настава) се организира во траење од 1 (еден) семестар, според критериумите на ЕКТС.

Трошоците за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.

Рокови за пријавување и запишување:

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следните термини:

Пријавување на кандидатите

1317 септември 2021

Одлука за прием

 /

Запишување на кандидатите

20 – 24 септември 2021

Приемен ден*

25.09.2021

*Присуството е задолжително

Документи за пријавување и запишување:

При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
  2. Диплома за завршено високо образование (оригинал или заверена на нотар);
  3. Извод од матичната книга на родените (оригинал или заверена на нотар);
  4. Доказ за државјанство на РМ (Уверение, оригинал или заверена на нотар);

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. Индекс
  2. Две фотографии (3,5 x 4,5 см.)
  3. Пријавни листовисо потврда за уплатени 2x50 денари за административна такса
  4. Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска противвредност, на жиро сметката на Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.