Во НУУБ Гоце Делчев во Штип денес беше промовирана книгата „Религиското образование во мултиетнички општества со осврт на македонското општество“ од проф. д-р Даниела Коцева, од Факултетот за образовни науки на УГД.

Промотори на книгата беа проф. д-р Марија Ташева и проф. д-р Снежана Мирасчиева.

  • Целта на оваа книга е да се дојде до искуства и сознанија на кој начин треба да го уредиме нашите религиско образование. Тоа треба да биде услогласено со нашата ситуација и со нашата религиска и етничка разнородност и да биде во согласност со современите тенденции на образовниот систем. Религиското образование треба да биде во функција на унапредување на меѓуетничките и меѓурелигиските односи - изјави професорката Марија Ташева која беше промотор на книгата.

Авторката на книгата истакна дека темата е исклучително актуелна и дека за неа е научен предизвик да се пишува на оваа тема.

  • Оваа книга е плод на долгогодишна научноистражувачка работа која има теориски и емпириски карактер. Да се пишува за религиското образование во мултиетнички општества и во македонското општество навистина претставуваше научен предизвик за мене, со оглед на ситуацискиот контекст во Република Македонија. Секако дека научната книга е наменета за сите оние кои се љубители на општествената современа ситуација во светот, со оглед на тоа секојдневно се склучуваме со имиграциони движења, инсталирање на исламот на тлото на Европа, со проблемите на мултикултурализмот и така натаму - изјави авторката проф. д-р Даниела Коцева.

Книгата е дел од докторската дисертација на Даниела Коцева, која воедно е дел од Факултетот за образовни науки на УГД.

 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.